Секој иден возач кој од први ноември започнал со обука за возачка Б-категорија во Скопје, ќе плаќа 8500 денари повеќе.
Според новите цени, обуката за Б категорија која предходно изнесуваше 24.500 денари, сега чини 33.000 денари. Од Здружението на авто школи објаснуваат дека зголемувањето на цените било неизбежно поради инфлацијата и порастот на оперативните трошоци – од гориво и одржување, до техничка опрема. Оттаму додаваат дека покачувањето ќе ги одржи авто-школите во живот, бидејки поради ниските плати, секторот се соочувал и со недостиг од кадар..
„ Автошколите ја придржуваа таа цена скоро 10 години до сега до 2025 година, а самите сте сведоци низ текот на тој период од 2015 па до сега каде отидоа другите цени..И останатите школи во другите градови многу пред 1 ноември ја покачија оваа цена, Скопје последно се реши од 1ви ноември по договор на сите авто-школи таа цена е договорена како заштитна цена која што ќе ги одржи авто-школите во живот. Таа цена што беше минимална не ги покриваше основните трошоци за плата, а никој млад човек не се решава да работи за минимална плата, верувајте.“
Авто-школите во следниот период ќе ги зголемат цените за обуките од 20 до 30% и за останатите категории, кои сега чинат од 15.000 до 40.000 денари..Апостоловски по зголемените цени не очекува намалување на интересот за полагање и очекува разбирање од страна на граѓаните.
„Ова беше неминовен чекор, така да ако за сите други активности и потреби граѓаните можат да се снајдат, ова еднаш во животот се поминува полаѓањето, би требало да има разбирање за тоа.“
Покрај сумата од 33.000 денари за обуката, кандидат кој сака да се стекне со возачка Б категорија има почетни трошоци од 1.200 денари за лекарско уверение, 250 денари за посета на полигонот, 1.500 денари за користење на возилото на авто-школата пред двата практични дела од полагањето, како и трошок за секој дополнителен час кој надвор од предвидените 36 чини околу 1000 денари.. Секое полагање пак, чини дополнителни околу 2.500 денари…
Според податоците на МВР, годинава за прв пат возачка дозвола извадиле вкупно 19 963 лица, од кои најмногу или 6994 во Скопје.
