HomeАктуелноПосле 13 години во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“

После 13 години во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“

Оваа недела, на 28 септември, ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот.

Од МПЦ-ОА ги покануваат верниците да земат литургиско учество во овој свечен настан.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.