Во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат с.Обршани-с.Крушеани вчера во 12.10 часот патничко возило „ровер фрилендер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(41) од с.М.Коњари, прилепско, излетало од патот.
– По несреќата, при транспорт до Градска болница Прилеп, М.Ш. починал во возило на Итна медицинска помош, информираат од МВР.
Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Прилеп.
