HomeАктуелноПочина советник од ВМРО-ДПМНЕ кој беше избран минатата недела, пријателите, колегите, спортските работници и голем број граѓани на социјалните мрежи се простуваат од него

Почина советник од ВМРО-ДПМНЕ кој беше избран минатата недела, пријателите, колегите, спортските работници и голем број граѓани на социјалните мрежи се простуваат од него

Поранешниот македонски кошаркар и тренер, Зоран Петковски од Битола, почина по долго боледување на 47-годишна возраст. Петковски во својата играчка кариера настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер и Радовиш.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Петковски беше советник во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, а во неделата беше избран за нов мандат.

Пријателите, колегите, спортските работници и голем број граѓани на социјалните мрежи се простуваат од него.

Со длабока тага и почит ја примивме веста за прераната смрт на Зоран Петковски, советник во Советот на општина Битола, човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола. Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст. Нека му е светол патот. Почивај во мир – напишаа од општина Битола.

Битола загуби спортска легенда, сочувство до семејството, објавија од КК Пелистер Битола.

Сочувство до семејството испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Со голема тага ја примивме веста за прераното заминување од овоземниот свет на Зоран Петковски, човек кој остави длабока трага во спортскиот живот на Битола. Како борец за спортот и активен поддржувач на многу спортски иницијативи, Зоран ќе остане запаметен по својата енергија, љубов и посветеност кон градот. Во име на ВМРО ДПМНЕ Битола изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа. Нека ти е светол патот, почивај во мир добар човеку, објавија од ВМРО ДПМНЕ Битола.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.