HomeАктуелноПочна гласањето на референдум за приклучување кон Русија во четири украински региони под руска контрола

Почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија во четири украински региони под руска контрола

Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели.

Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5.00 часот по Гринич.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.