Денес во 9:30 часот, во судница во КПУ Идризово, започна првото рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица. Поради безбедносни причини, процесот се одржува во просториите на затворот, а судницата беше исполнета со голем број домашни и странски новинари, како и семејства на жртвите.
На обвинителна клупа се најдоа 38 лица – сопственици, управители, поранешни локални функционери, инспектори и други службени лица обвинети за тешки дела против општата сигурност. Судот веќе го одобри обвинителниот акт во целост, а истрагата претходно опфати околу 400 сослушани сведоци.
Денешното рочиште го означува почетокот на еден од најголемите и најкомплексни судски процеси во земјава, со очекувања јавноста конечно да добие одговорност за најтешката трагедија од овој тип во Македонија.
