HomeАктуелноПо 3000 денари за секој ученик на генерација

По 3000 денари за секој ученик на генерација

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На сите избрани ученици на генерација, градоначалникот Стефковски им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.
– Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование.

Им оддавам признание и им честитам, вели градоначалникот Стефковски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.