HomeАктуелноПрви снимки по сударот на возови во Хрватска: „Тоа што се случи е страшно“

Први снимки по сударот на возови во Хрватска: „Тоа што се случи е страшно“

Тешка сообраќајка се случила синоќа околу 21:31 часот кај месноста Новска. Се судрија патнички и товарен воз, а според последните информации тројца загинати, а 11 се повредени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Директорката на Хрватскиот институт за итна медицина, Маја Грба Бујевиќ утринава за ХРТ изјави дека осум екипи за итна помош биле на терен во рок од 35 минути, а потоа биле повикани уште четири екипи од соседните жупанија.

На 11 повредени лица пронајдени на терен им била укажана помош – седум лица се пренесени во Нова Градишка, три во Славонски Брод и едно во Пакрац.

– Беше сложена ситуација. Прво, беше темно, второ, мораше да се исклучи струјата за да не се удри некој од струја… Тоа беше оддалечена област, не можеш да ја запреш колата и само да излезеш, но сите служби за итни случаи си помогнаа и на тој начин се грижеа за кој можеа. За жал, имаме и три починати лица – рече Грба Бујевиќ.

24sata.hr

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.