HomeАктуелноПрегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда

Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда

Прегласување на седумте избирачки места во петтата и шестата изборна единица ќе се одржи в среда на 22 мај, Одлуката за прегласување ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места.

ДИК на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.