HomeАктуелноПрекин во водоснабдувањето во понеделник на „Асном“

Прекин во водоснабдувањето во понеделник на „Асном“

На ден 26.09.2022 година, понеделник, ЈП Водовод Охрид ќе започне со санирање односно поставување на нов цевковод со профил ф 350 мм на улицата „Асном“, кој пред неколку месеци беше оштетен при изведување на градежни активности од страна на приватна градежна компанија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се известуваат корисниците од улицата „Асном“ (на потегот од маркетот Тамаро до 110ката) дека овој ден во период од 08:00 до 19:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, а со намален притисок водоснабдувањето ќе биде на улиците „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и дел од бул.„Туристичка“, информираат од претпријатието.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.