HomeАктуелноПрекин во водоснабдувањето кај корисниците на улиците „Петар Поп Арсов”, „Ирена Мирка Гинова” и дел од с.Велгошти

Прекин во водоснабдувањето кај корисниците на улиците „Петар Поп Арсов”, „Ирена Мирка Гинова” и дел од с.Велгошти

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на корисниците на улиците „Петар Поп Арсов”, „Ирена Мирка Гинова” и дел од село Велгошти информираат од ЈП Водовод Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 9 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на наведените улици и дел од село Велгошти, додаваат.

Воедно продолжуваат активности за санирање на дефекти од страна на ЈП.

Во периодот од 23-ти до 27-ми мај покрај редовните проверки и теренски активности, екипите на ЈП Водовод Охрид интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници, велат од претпријатието.

Отстранети биле дефекти на следните улиците „Кузман Капидан”, „Славеј Планина” бр.95, „Партизанска” бр.51, „Лагадин”, „Никола Карев”, „Климентска”, „Мирче Ацев”, „Сирма Војвода”, „Марко Нестороски” бр.130, „Македонски Просветители”, нас. Елешец, автокамп Андон Дуков, Мауцкер, село Горно Лакочереј и село Велгошти, велат од претпријатиeто додавајќи дека и приклучен во мрежа е објект во населбата Елешец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.