Прекин во водоснабдувањето ќе има на неколку улици во Охрид поради настанат дефект информираат од ЈП Водовод Охрид.
Поради настанат дефект и поправка на уличен шибер на улицата „Никола Карев”, денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Никола Карев”, „Мирче Ацев”, дел од „Галичица” и дел од бул.„Туристичка”, велат од претпријатието.
