Неколку часовен прекин во водоснабдувањето поради настанат дефект информираат од ЈП Водовод Охрид.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа – пукната цевка со профил ф110, денес од 08:30 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на следните улици „Дејан Војвода“, дел од „Македонски Просветители“ (на потегот од „Пожарна“ до „Електродистрибуција“) и дел од „Бул.Туристичка“, информираат од претпријатието.
Додаваат дека екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен, до завршување на санацијата.
