Во реновираната спортска сала во Куманово, пред илјадници навивачи и под светлата на еден нов почеток, македонската репрезентација одигра натпревар што остави силен впечаток – не само поради резултатот, туку поради срцето, борбеноста и чесната игра на теренот.
Премиерот Христијан Мицкоски упати силна порака до спортистите и целата нација, истакнувајќи дека Македонија стои зад своите херои не само кога победуваат, туку и кога паѓаат – со дигната глава.
Овој натпревар беше повеќе од резултат. Беше борба за боите што ги носите, за името што го браните, и за народот што стои зад вас со љубов и почит. Секоја капка пот на теренот е веќе победа – победа на инаетот, на борбеноста, на љубовта кон оваа земја, истакна премиерот.
Тој нагласи дека пожртвуваноста и храброста што ја покажаа македонските репрезентативци претставува пример за целата нација.
Вечерва не победивме на семафорот, но победивме во духот, затоа што покажавте за кого и како се игра. Играјте храбро и понатаму, ние сме зад вас! Македонија е тука и ќе биде со вас, секогаш! – порача Мицкоски.
Со овие зборови, премиерот им оддаде признание не само за спортските напори, туку и за националниот дух што го демонстрираа, повикувајќи на единство, поддршка и верба во идните победи.
