HomeАктуелноПретпладне сончево, попладне облачно со дожд

Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси во форма на невреме, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.