HomeАктуелноПретреси на повеќе локации во Македонија, изнуда од 165 000 евра

Претреси на повеќе локации во Македонија, изнуда од 165 000 евра

165.000 евра изнуда. Истражните органи приведоа лице поврзано со криминалниот нарко-картел Барон/Беланоца во моментот на примопредавање на парите кои според неофицијални информации биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е се уште во тек, а зголемено полициско присуство има на територијата на Куманово, но и на скопско Арачиново од кадешто е и самиот изнудувач.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Официјално, и МВР и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кои ја водат акцијата, со оскудни информации.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК по претходна пријава, лиши од слобода едно лице за сторено кривично дело изнуда и во моментов се вршат претреси на повеќе локации во скопско Арачиново, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.