HomeАктуелноПретрес во Делчево, пронајдена марихуана, приведени двајца дилери

Претрес во Делчево, пронајдена марихуана, приведени двајца дилери

Денеска (14.04.2023) полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(24) и Д.И.(24) од Делчево.
Имено, по преземени мерки и активности, со судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот на С.М.(24), при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, по судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории во кои живее Д.И.(24) во Делчево, при што биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, кутија со остатоци од марихуана и дробилка. При преглед на патничко возило „ауди”, пак, сопственост на Д.И., била пронајдена и одземена уште една ќеса со марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Двајцата биле приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.