HomeАктуелноПретрес во Муртино: Запленети 62 саксии со марихуана, канабис, муниција, пари…

Претрес во Муртино: Запленети 62 саксии со марихуана, канабис, муниција, пари…

На 22.04.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко. Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П..

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.