На 12.12.2023 година, по судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.Ј.(61) од Охрид. Притоа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 107 куршуми, различен калибар кои, нелегално ги поседувал.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
