HomeАктуелноПретседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар на партијата, Горан Минчев на средба со охриѓани

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар на партијата, Горан Минчев на средба со охриѓани

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски и генералниот секретар на партијата, Горан Минчев на средба со охриѓани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 10.05.2025 година (сабота) со почеток од 14 часот во големата сала на општина Охрид претседателот Максим Димитриевски и Генералниот секретар Горан Минчев ќе одржат средба со раководството на Општинската организација – Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Клубот на жени, Клубот на млади, членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани, информираат од партијата.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“. во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и именувани функционери од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе ги посетат сите општини во Македонија и ќе одржат средби со членовите, симпатизерите и граѓани. Целта е директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.

На средбите, заедно со граѓаните ќе извршиме соодветна анализа, по што ќе следува и идентификација на квалитетни кадри (кандидати за градоначалници и кандидати за советници) кои можат да направат вистинска разлика на локално ниво, велат од партиското раководство.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.