HomeАктуелноПретставниците на власта немаат против влез на Алијанса во владата,потребен е политички договор

Претставниците на власта немаат против влез на Алијанса во владата,потребен е политички договор

Премиерот Ковачевски ја остава отворена вратата за Алијанса на Албанците да седне на Илинденска, но нивниот влез во Владата вели ќе зависи од политички договор за програма и кадри.

Премиерот потенцира дека е отворена можноста за сите кои сакаат да се приклучат кон концептот за европска држава, за што потврди дека партијата на Таравари има изразено политичка волја, но не презира дали и за што во моментов се разговара. Вели стабилноста на владиното мнозинство не е доведена во прашање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Дали ќе влезе во Владата постојат шанси за тоа, како што кажаа и другите политички лидери. Дали ќе се случи тоа зависи од политички договор од два аспекта- едниот е програмски а другиот кадровски. Додека не се случи такво нешто, не може да зборуваме со сигурност дека ќе има уште еден владин партнер, изјави Ковачевски.

По првичната средба меѓу Ковачевски и Таравари пред три месеци во Владата кога и се отвори прашањето за влез на Алијанса во власта неофицијалните информации беа дека Таравари чека понуда од премиерот за три министерски места. Најсериозно беше споменувана фотелјата за здравство, но и ресорите правда, образование, животна средина или информатичко општество и администрација.

Но, ниту Ковачевски денеска, ниту Ахмети вчера не кажаа дали нивните партии се подготвени да отстапат министерски и директорски места за Алијанса. Единствено против давањето на своите фотелји се изјаснија од Алтернатива кои велат дека цената за вакво засилување треба да ја платат СДСМ и ДУИ.

Додека се чекаат детали од разговорите за влез на нови партии во власта, помалите коалициски партнери се бунат. Од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов апелираат да се престане со проширување на владиното мнозинство, бидејќи на ваков начин според нив ќе се засили незадоволството кај граѓаните, ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.