HomeАктуелноПриведени двајца криумчари на мигранти

Приведени двајца криумчари на мигранти

На 12.06.2022 во 22.30 часот на автопатот граничен премин „Богородица“ –Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово.При преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го
управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.