HomeАктуелноПриведено лице од скопско за доиздржување на затворска казна

Приведено лице од скопско за доиздржување на затворска казна

На 07.06.2022 во 17.45 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.М.(26) од с.Кондово, скопско, затоа што се обидел илегално да ја напушти државата и да премине во Република Косово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција како лице по кое е распишана потрага од СВР Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци, по што било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.