На 27.02.2023 во 22.00 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А.(24) од Охрид, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од министерството за внатрешни работи.
