HomeАктуелноПриведен возач од Крушево затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач од Крушево затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 02.07.2025 во 00.45 часот на ул „Битолска” во  Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Д.Ц.(28) од Крушево. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Д.Ц. управувал патничко моторно возило „мерцедес” со крушевски регистарски ознаки под дејство на алкохол , односно му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.