– Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода З.Е. (30) од Куманово. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Како што информира МВР, З.Е. бил баран и за доиздржување на седум месеци казна затвор.
Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шење за доиздржување на казната.
