HomeАктуелноПриведен криумчар кој превезувал 26 мигранти

Приведен криумчар кој превезувал 26 мигранти

На 23.08.2022 во 02.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Г.(31) од Скопје затоа што во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица – мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите се дале во бегство, но набргу по преземени мерки биле пронајдени и приведени. Возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.