HomeАктуелноПриведен насилник, поднесена кривична пријава, одреден му е притвор

Приведен насилник, поднесена кривична пријава, одреден му е притвор

Денеска (12.05.2022) од страна на инспектори од Одделението за насилен
криминал при СВР Скопје од слобода е лишен Б.Н.(39), поради постоење основи
на сомнение за кривично дело “насилство” по чл.386 од Кривичниот законик.
Тој на 10.05.2022 на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј.(34) од
Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле
сопругата и малолетното дете.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во координација со Јавен обвинител на 12.05.2022 од страна на полициски
службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен
криминал, превземени се мерки и утврден е идентитетот на сторителот, а до
ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка. На Б.Н. од страна
на  судија на претходна постапка при Основен кривичен суд- Скопје му е
одредена мерка притвор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.