Од СВР Охрид информираат дека на 05.10.2022 во 11.10 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(49) од Охрид.
При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога хероин по што е, приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
