HomeАктуелноПриведен охриѓанец кој управувал возило со брзина од 161 километар на час

Приведен охриѓанец кој управувал возило со брзина од 161 километар на час

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода 55 годишно лице од Гостивар, 54 годишно од Охрид и 35 годишно од с.Копачиндол, тетовско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Гостиварецот управувал патничко возило „фоксваген пасат“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена со 80 километри на час, охриѓанецот управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички со брзина од 161 километар на час на место каде е дозволено 80 километри на час, додека лицето од с.Копачиндол управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максималната брзина со сообраќаен знак е 100 километри на час, информираат од МВР.

Во консултација со јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар, посочуваат, лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.