На 11.04.2022 во 22.00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле В.Д.(28) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот
против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид
