HomeАктуелноПриведен разбојник, украденото вратено на сопственикот

Приведен разбојник, украденото вратено на сопственикот

На 11.04.2022 во 16.15 часот на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, полициски службеници  од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека на 07.04.2022 со употреба на сила извршил разбојништво над малолетник од Скопје, при што одзел мобилен телефон, кој го продал на трето
лице.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а телефонот бил пронадејн и вратен  на сопственикот. А.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.