Ракометарот Дејан Манасков (33) од Скопје, член на битолскиот клуб Еурофарм Пелистер, е приведен синоќа во СВР Охрид по инцидент по завршувањето на натпреварот против охридскиот тим.
Инцидентот се случил при меѓусебното поздравување на играчите во салата „Биљанини Извори“, кога Манасков физички го нападнал помошниот тренер на домашниот клуб, К.А. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Натпреварот заврши со победа на Охрид од 29:25, што беше прв триумф на охриѓани против фаворитите сезонава.
