HomeАктуелноПриведен стружанец поради нелегално поседување оружје

Приведен стружанец поради нелегално поседување оружје

На 14.07.2025 во 11.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода го лишија Е.Б.(69) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол  „Browing” со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал. Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско оружје, за кои поседувал соодветна дозвола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од кривичниот законик „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи”, информираат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.