HomeАктуелноПриведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Приведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта

На 23.05.2025 во 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишиле од слобода Х.П.(71). При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.