На 19.08.2023 во 22.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.П.(23) од охридското село Куратица. При претрес извршен со судска наредба во куќа во Охрид каде престојувал, полициските службеници пронашле и одзеле бела грутчеста материја, најлонски опаковки со траги од бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Извор: СВР Охрид
Е.Р
