HomeАктуелноПриведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол

Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол

На 19.09.2025 во 12:25 часот на регионалниот пат Кавадарци- Росоман од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода е лишен М.А.(39) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки предизвикал сообраќајна несреќа, а при вршењето на увид е констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.