HomeАктуелноПродолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади

Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади

Рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок), информираат од Општина Дебрца.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на Општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; или копија од имотен лист; или копија од договор за закуп).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.