HomeАктуелноПродолжуваат засилените акциски контроли, еве колку возачи „лови“ МВР

Продолжуваат засилените акциски контроли, еве колку возачи „лови“ МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 232 возачи. Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.