HomeАктуелноПродолжуваме напред: Пецаков најавува големи проекти за Охрид

Продолжуваме напред: Пецаков најавува големи проекти за Охрид

Актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, и кандидат за втор мандат, преку социјалните мрежи испрати порака до јавноста дека ќе продолжи со реализација на нови проекти и унапредување на градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од денес не само што продолжуваме со работата за поубав Охрид, туку и градиме нов Охрид. Охрид кој не запира! Со конкретни дела докажавме дека не само што можеме, туку и знаеме да реализираме големи проекти, истакна Пецаков.

Тој порача дека досегашните резултати не се само личен успех, туку производ на заедничка работа со граѓаните. „Нашите успеси не се само наши. Тие се плод на заедничката работа со вас, граѓаните. Заедно покажавме дека вистинскиот напредок се постигнува само кога работиме како еден тим,“ додаде тој.

Со најавата за нов мандат, Пецаков вети уште поголема мотивираност и искористување на стекнатото искуство за подобро управување со градот.

Продолжуваме уште помотивирани и со богато искуство. Заедно, за уште поубав Охрид. Охрид не запира! Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!, стои во неговата порака.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.