HomeАктуелноПродолжува да расте цената на гасот во Европа, достигнувајќи 3000 долари за илјада кубни метри

Продолжува да расте цената на гасот во Европа, достигнувајќи 3000 долари за илјада кубни метри

Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов се движи над 3.000 долари за илјада кубни метри, поскапувајќи за 20 отсто од почетокот на денешното тргување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во тргувањето со фјучерси на холандската TTF-спот, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро во долар, пренесува ТАСС, цитирајќи податоци од берзата ICE во Лондон.

Ова е првпат од 8 март цената да го надмине нивото од 3.000 долари, а порастот уследи по извештаите дека Русија ќе ги прекине испораките преку Северен тек 1 на три дена, почнувајќи од 31 август, за да ја поправи компресорска гасна единица.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.