Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови од земјава се очекува повремен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува и над 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 11 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се спушти до 7 степени во утринските часови, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според најавите од УХМР, од недела следува период на стабилно, сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде среда, кога се очекуваат локални врнежи од дожд.
