HomeАктуелноПроменливо облачно и дождливо време

Променливо облачно и дождливо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), најавуваат од УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени

Во Охрид ќе биде променливо облачно и дождливо време со засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.