HomeАктуелноПроменливо облачно со услови за локален дожд попладне

Променливо облачно со услови за локален дожд попладне

Времето ќе биде променливо облачно, од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умeрен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид променливо облачно со услови за локален дожд попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.