На 10.10.2022 на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(51) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било приведено во Полициска станица Прилеп и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, додаваат од МВР.
