Угината единка од видот балкански рис (Lynx lynx), возрасна женка, била забележана утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Охрид – Ресен, во близина на селото Буково.
Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина.
Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, соопшти ДИЖС.
Балканскиот рис е строго заштитен и критично загрозен вид на територијата на државата, а секој ваков случај претставува сериозна загуба за биолошката разновидност.
