Откриени стари монети и делови од градби кои датираат од почетокот на 20 век на плоштадот Крушевска република каде се вршеа археолошките истражувања.Пронајдени се делови од ѕидан трансформатор и чешма но и фурна која во минатото постоела на оваа локација на која сеуште се сеќаваа постарите охриѓани.
Од Завод и музеј велат дека насекаде во градот каде и да има ископување може да се најдат некои остатоци од постарите времиња. Плоштадот претрпел големи градежни активности и е еден од најфрекфентните делови од градот кој не може да се затвори за истражување.
