HomeАктуелноПрослава на националниот празник „Илинден“ во организација на Заедницата на Македонците во Хрватска

Прослава на националниот празник „Илинден“ во организација на Заедницата на Македонците во Хрватска

Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека, денеска, во Општина Локве при Приморско-горанската жупанија, ќе се одржи централната прослава по повод најголемиот македонски национален празник „Илинден 1903-2022“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат организаторите, настанот ќе се случува во Парк шумата „Голубињак“ во Горски Котар, Општина Локве, а во рамки на програмата предвидени се поздравни обраќања, настап на МКД „Илинден“ и на музичката група „Балканика бенд“ од Крањ, Република Словенија.

Потоа ќе следи дружба со изворни песни и ора, а присутните на манифестацијата на заедничкиот ручек ќе можат да го вкусат и традиционалното гравче.

Прославата на Илинден се одржува во соработка и со помош на Советот за национални малцинства за град Риека, Советот за национални млацинства на Приморско – горанската жупанија и на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ од Риека.

Покровители се Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Приморско – горанска жупанија, Град Риека и Општина Локве.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.