Организаторите најавуваат дека во петок од 14:00 до 15:00 часот ќе биде блокиран кружниот тек на влезот во Струга во знак на револт поради нерешениот проблем со депонијата која, според нив, постојано гори и ја загадува целата општина.
„Не можеме повеќе вака – депонијата гори, никој не презема ништо, цела општина се труе. Сега е време да покажеме сила. Ако не направиме притисок сега, проблемот нема да се реши ни во следните четири години. Доста беше – депонијата мора да се реши! Без разлика на националност, вера или партија – сите го дишеме истиот воздух,“ велат организаторите и ги повикуваат стружани масовно да излезат на протест.
