HomeАктуелноРазрешена претседателката на Судски Совет, Весна Дамева, утре ќе се избира нов претседател

Разрешена претседателката на Судски Совет, Весна Дамева, утре ќе се избира нов претседател

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева денеска е разрешена од функцијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На денешната седница на Судскиот совет настана расправија откако Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзно разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Од Судскиот совет потврдија дека утре во 11:00 часот ќе се одржи седница за избор на нов претседател.

Весна Дамева беше избрана за претседателка на Судскиот совет на местото на Павлина Црвенковска во декември минатата година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.